Денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ пионерките на Вардар одигаа тренинг-натпревар со тимот на КЛ7. Целта беше дружење, тренинг и подготовка за пролетниот дел во лигите.
Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева кои се двојни шампионки во пионерска и кадетска лига, очекувано доминираа на средбата. Започнавме со комбиниран состав, резултатот беше во втор план, се воигруваа акции. Победата ни припадна на нас, ние овој дуел го добивме со високи 47:25. Сите девојки покажаа дека одлично ги одработиле зимските подготовки кои започнаа на 13.јануари за овој наш црвено-црн тим.