Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар газат се пред себе, момците на Зенга со 4/4 во лигата по победата кај Металург
Пионерите на Вардар газат се пред себе, момците на Зенга со 4/4 во лигата по победата кај Металург

Пионерите на Вардар газат се пред себе, момците на Зенга со 4/4 во лигата по победата кај Металург

Пионерите на Вардар денес во „Автокоманда“ дојдоа до победа во дербито со тимот на РК Металург-2. Избраниците на Зоран Петковски-Зенга се зацврстија на врвот на табелата со четвртата победа од исто толку мечеви во лигата.
Овој тим игра пеколно во својата конкуренција, на сите мечеви досега победуваше со убедлива игра, ги краси  одличен ритам, цврста одбрана  и перфекна реализација.

Првиот дел започна со игра гол за гол, двата тима се обидуваа резултатски да се одлепат. Имаше три симетрии на семафорот: 1-1, 2-2, и 3-3.  Потоа вардарци заиграа одлично во одбраната, тоа беше наградено во напад со три врзани гола па поведовме со резултат, 3-6. Успеавме да заминеме и на одмор со предност, домаќинот единствено успеа да ја ублажи негативата. За време на одморот на семафорот во „Автокоманда“ стоеше  6-8 за црвено-црните.

Момците на Зенга се решија во почетните минути од вториот дел. Одлично продолжија во дефанзива, успеаа да ги казнат промашувањата на ривалтот. Напраивме серија 0-4 која беше круцијална за нашата победа, поведовме со 6-12 по што се беше јасно. Умешно со бавна и сигурна игра, инсистирајќи на долги акции умешно го приведовме дуелот кон крај. Победата дојде со четири гола разлика, на крајот резултаот беше 14-18.

Александар Стојменов беше прв стрелец со пет гола, по четири погодока имаа:  Матеј Трајановски и Алесандро Писонеро , додека  Марио Стојановски го заврши мечот со три гола.

РК Вардар: Спасовски, Стојановски 3, Табаков 2, Алексовски, Аритонов, Сипковски, Ристевски, Симоновски, Колевски, Петрушевски, Трајановски 4, Стојменов 5, Петковски, Спасовски, Гугуталиев и Писонеро 4