Кадетите на РК Вардар Јуниор, предводени од Будимир и Станковски во рамки на 2.коло од младинската лига ќе се соочат со тимот на РК Радовиш. Ние сме домаќини на тимот од истоимениот град во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Натпреварот од младинската машка Група-1 е закажан за задутре, среда, 16.октомври и истиот ќе започне во 16-30 часот. Правдата ќе ја делат Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Ние одлично започнавме во младинската конкуренција. Во првото коло како гости кај тимот на РК Пролет победивме со резултат 25-37 (10-17).