Пионерите на ракометниот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден настапија на турнир во организација на РК Делчево. На турнирот учество земаа четири екипи кои се генерација 2002/03, единствено само Вардар беше со ракометари родени 2004/05 година. На крајот успеавме да го освоивме првото место.
На првиот натпревар се сретнавме со екипата на Радовиш, која ја совладавме со резултат 16:20. Избраниците на Зоран Петковски први успеаа да го отворат резултатот на 0:1, но во следните четири минути екипата на Радовиш поведе со 3:2. Следеше серија за вардарци, кои постигнаа три последователни голови и зголемија на 3:5. Противникот се врати во игра кога израмни на 5:5, но упорниот Вардар повторно поведе со два гола разлика (6:8), додека на полувреме имавме минимално водство од 7:8.
Во голем дел од второто полувреме се играше гол за гол и ниту една од екипите не успеа да се одлепи на разлика поголема од еден гол. Последното израмнување беше при резултат 14:14, кога Вардар со одлична игра направи серија од 0:3 и го скрши отпорот на повозрасниот тим на Радовиш. На крајот триумф за нашите пионери, што значеше и пласман во финалето на турнирот.
Вардар: Спасовски, М.Стојановски 1, Младеновски, Табаков 3, Алексовски, Аритонов, Сипковски, Трифуновски 1, Петрушевски 5, Трајановски 3, Спасовски 1, П.Стојановски, Петковски 4, Писонеро 2.
Во финалето на турнирот се сретнавме со екипата на , која ја победивме убедливо со резултат 28:16. Одлично го отворивме натпреварот кога ги постигнавме првите три гола за водство од 3:0. Само за момент екипата на намали на 4:2, за да следи фуриозна серија на вардарци, кои ја полнеа противничката мрежа, со серија од 7:0 се одлепивме на највисоки 11:2. Во текот на првиот дел стигнавме и до двоцифрена предност од 13:3, по што беше јасно кој ќе го освои трофејот. На полувреме имавме водство од 16:7.
Немаше опасност по нашето водство ниту во второто полувреме од мечот. Играа одлично избраниците на Зенга, кој пак им даваше шанса за настап на сите ракометари. Во еден момент имавме и највисоки 13 гола предност, за финалето да го добиеме со резултат 28:16.
Тројца играчи постигнаа по 4 голови на овој дуел, тоа беа Сипковски, Ристевски и Симоновски. За најдобар играч на турнирот беше прогласен играчот на Вардар, Ѓорѓи Спасовски.