Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Ринија постигна само пет голови, пионерите на РК Вардар со 46 голови во противничката мрежа го запишаа петтиот триумф сезонава
Ринија постигна само пет голови, пионерите на РК Вардар со 46 голови во противничката мрежа го запишаа петтиот триумф сезонава

Ринија постигна само пет голови, пионерите на РК Вардар со 46 голови во противничката мрежа го запишаа петтиот триумф сезонава

После пауза од две недели, пионерите на ракометниот клуб Вардар се вратија на настапите во лигата. Вечерва во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Зоран Петковски убедливо ја победија екипата на Ринија.

Конечниот резултат од 46:5, во корист на Вардар, говори за одразот на силите на двете екипи и за случувањата на теренот. Црвено-црните беа доминантни на овој дуел, на кој немаа никакви проблеми да стигнат до нов триумф. Првиот гол гостинскиот тим го постигна после десет минути игра, кога Ринија намали на 10:1, а до крајот на првото полувреме, Вардар постигна уште нови десет голови, додека дозволи да прими само уште еден, па по истекот на првите 20 минути, резултатот на семафорот беше 20:2.

Серијата продолжи и во второто полувреме, кога момците на Зенга направија нова серија од 11:о и поведоа со 31:2. Натпреварот беше рутина за вардарци, кои до крајот му дозволија на противникот да постигне само пет голови.

Освен Табаков и Писонеро, останатите играчи кои денес беа на располагање, се запишаа во листата на стрелци, вклучувајќи ги и голманите, Спасовски и Колевски. Најефикасен беше Тадеј Аритонов со 8 голови, додека Мартин Тодороски и Кирил Симоновски постигнаа по 6.

Вардар: Спасовски 1, Стојановски 1, Табаков, Алексовски 4, Аритонов 8, Сипковски 5, Симоновски 6, Колевски 1, Петрушевски 2, Трајановски 2, Тодороски 6, Петковски 1, Спасовски 4, Велковски 1, Гугуталиев 4,