Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки губат чекор со водечките, Куманово дојде до триумф во дербито
Вардарки губат чекор со водечките, Куманово дојде до триумф во дербито

Вардарки губат чекор со водечките, Куманово дојде до триумф во дербито

ЖРК Вардар денес во дербито гостуваше на Куманово, црвено-црните дами беа поразени од повозрасните ривалки со резултат 27-24 (13-10). Вардар врза два порази на последните две гостувања, што го одалечува од врвот на кој атакува.

4
Дуелот почна борбено, двата тима се бореа за секоја топка. Сепак ривалот успеа да се прилагоди на цврстата игра и поведе до 6.минута со 3-0. Ристова побара минута одмор, тоа резултираше со два гола. За 3-2 погодија Милица Николиќ и капитенот Бојана Диневска, и кога требаше да нападнеме дојдоа лоши минути. Ривалот со серија 4-0 поведе со високи 7-2, ние бевме на работа на безната. Сепак црено-црните девојки се издигаа во одбана заиграа поангажирано, Илиќ имаше две одбрани па во 15.минута намаливме на 7-6 со голот на Седлоска. Симовски Симе побара минута одмор со цел да не ни дозволи да направиме пресврт. Тие беа во налет, па поведова со 12-8 на 4.минути до крајот. Ние се обидовме да ја намалиме предноста пред одморот, со два гола на Трпевска Ивона од пенал и една одбрана на нововлезената Грујовска Симона ја преполовивме негативата на 30.секунди до крајот, на семафорот во салата „Перо Наков“ стоеше 12-10. Имавме напад за минус еден, противникот ни ја одзема топката и не казни, со резултат 13-10 се замина на пауза.
Силовито почнавме на самиот почеток, по 2.минути игра дојдовме на 13-12 со одличниот гол на Милица Николиќ.

2-2

Домаќинот беше во налет, успеа да се одлепи на 17-13 во 37.минута од овој дуел. Се играше борбен меч со многу технички грешки, прекршоци и исклучувања. Во 47.минута успеавме да се вратиме во игра, дојдовме на само два негатива, успеавме да ја преполовиме предноста на Куманово. На семафорот беше 21-19 со голот на денес борбената Николиќ. При враќањето во игра помогна настапот на нововлезената Коларовска Ана Марија која одигра лудо, храбро во нејзин стил. Повторно повозрасниот ривал успеа да наметне темпо, на 5.минути до крај водеа со 25-20 по што се веќе беше познато. Врзавме веднаш два гола, и намаливме на 25-22 по само 100секудни игра, Симовски изреагира со барање минута одмор. Илиќ одбрани со нога, веднаш по брза контра за 25-23 погоди Седлоска. Победата домаќините ја остварија со резултат 27-24.

Tрпевска даде 7 гола,  втор стрелец беше Николиќ Милица со шест, по пет имаа Божиновска Ана Марија и Седлоска Андреа. Илиќ впиша 9 одбрани, Грујовска стопра 2 топки.