Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерското ракометно дерби му припадна на Металург, кој славеше во дуелот со Вардар
Пионерското ракометно дерби му припадна на Металург, кој славеше во дуелот со Вардар

Пионерското ракометно дерби му припадна на Металург, кој славеше во дуелот со Вардар

Денес во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одигра дербито во машката пионерска лига, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Поуспешна беше гостинската екипа која славеше минимално со резултат 16:17.

5

Натпреварот со гол го отвори Анакиевски, а во текот на првите 20 минути гледавме игра гол за гол, ниту една од екипите не успеа да се одлепи на водство поголемо од еден гол разлика. Вардаровиот тренер, Зоран Петковски се реши во нападот, да игра без голман, односно практикуваше игра 7 на 6. Откако црвено-црните го отворија резултатот, врати гостинот од Автокоманда со два последователни голови, за да имаат предност, но Вардар со головите на Андреј Петрушевски, два во серија ја врати предноста од 3:2. Двете екипи играа цврсто во одбраната, па од тука и не видовме многу голови. При наше водство од 5:4, откако два последователни гола постигна Виктор Трифуновски, Металург повторно со мини серија од два погодоци прави резултатски пресврт (5:6), што беше знак за двоецот на нашата клупа, Петковски и Бисинов да повикаат тајмаут.

1

Матеј Трајановски беше играчот кај нас кој постигна прв гол на дуелот и израмни на 6:6. Вардар и поведе со 7:6 и имаше два напади за два гола позитива, но не успеа да ги реализира, затоа противникот израмни на 7:7. До крајот на првиот дел, Вардар успеа да поведе со 8:7, а Металург имаше 15 секунди последен напад за да израмни, но успешно се одбранија нашите пионери. По првите 20 минути, минимална предност на Вардар од 8:7.

3

На стартот на вториот дел, Металург успеа да го сврти резултатот во своја корист, да поведе со 8:9 и до крајот на мечот да има предност. Вардар израмнуваше во неколку наврати преку Трифуновски и Петрушевски, но противникот во 31 минута за прв пат стигна до два гола позитива (12:14). Избраниците на Петковски имаа шанса да избегнат пораз, но не успеаа а реализираат напад, па Металург слави триумф со резултат 16:17.

Најефикасни кај Вардар беа Трифуновски со 6 и Петрушевски со 4 голови. Солиден на голот беше Спасовски.

Со оваа победа, Металург има шест бодови повеќе од Вардар и е многу блиску до пласман на завршниот турнир во пионерската лига. Гостите првпат играат со кадети во лигата, тие се екипа родена генерација 2002 и се повозрасни од нашите момци.