Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар го „збриша“ КЛ 7 Лазаров, пионерите на Зенга си поиграа со противникот во „дербито“ на пионерската лига
Вардар го „збриша“ КЛ 7 Лазаров, пионерите на Зенга си поиграа со противникот во „дербито“ на пионерската лига

Вардар го „збриша“ КЛ 7 Лазаров, пионерите на Зенга си поиграа со противникот во „дербито“ на пионерската лига

Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, пионерите на РК Вардар го победија тимот на КЛ 7 Лазаров во меч од 8.коло во групата 3 од пионерската лига. Иако требаше да биде дерби на колото со оглед дека се сретнаа првопласираните две екипи на табелата, немаше ништо од тоа, едноставно Вардар го „збриша“ гостинскиот тим.

Пионерите одиграа перфектен натпревар и речиси го прегазија тимот на КЛ7 во сите сегменти на ракометната игра. Со оглед дека првиот гол противникот го постигна дури во 8.минута од мечот доволно говори за случувањата на теренот и одразот на силите на двете екипи. Момците на Зенга тргнаа фуриозно и на овој дуел, наметнаа силно темпо на игра, на кое КЛ7 немаше одговор. Првите шест голови за вардарци беа дело на тројца играчи, по два постигнаа Александар Стојменов, Христијан Петковски и Марио Стојановски за водство од 6:0, додека КЛ7 намали на 6:1 во 8.минута од натпреварот. На голот одличен беше и Никола Спасовски кој имаше неколку интервенции. Доминираа вардаровите пионери на теренот и имаа целосна контрола на резултатот, игравме одлично во одбраната, додека лесно погодувавме во нападот и тоа речиси од сите позиции. Со голот на Матеј Трајановски имавме предност и од 9:3, додека Стојменов со два лоб удари го совлада противничкиот голман и зголеми на највисоки 11:3. Во следните три минути, екипата на КЛ7 го намали резултатот на 11:5, но следеше нов налет на разиграните вардарци, кои направија серија од 5:0 до крајот на првото полувреме. Стојменов, Трајановски, Петковски и Ристевски ја полнеа гостинската мрежа, па на одмор, Вардар замина со двоцифрена предност од 16:5.

1 2 4 5 6 7

Одлично го стартувавме второто полувреме, па со погодоците на Ристевски и Спасовски поведовме и со 18:5. Само за момент КЛ 7 Лазаров намали на 18:6, по што следеше наша нова серија од 4:0, гол постигна Ристевски Стефан и зголеми на 22:6 по само шест минути игра во второто полувреме. Тренерот Зенга речиси внесе друга постава на теренот, давајќи шанса на сите ракометари кои денес му беа во ростерот. Свои минути имаше Кирил Симоновски кој постигна два гола во серија и зголеми на 25:6. На голот застана и Колевски, кој веднаш запиша одбрана, а КЛ 7 беше цели 8 минути без гол, за конечно да погодат во 31 минута од дуелот. Прашање само беше со кој резултат ќе заврши овој дуел, на крајот конечниот резултат гласеше 38:10.

Кирил Симоновски и Александар Стојменов беа најефикасни, постигнувајќи по 7 голови. Освен голманите, сите останати се запишаа во листата на стрелци и Петрушевски, кој иако беше во составот не влезе во игра на овој дуел.

Ова беше вкупно осма победа од исто толку одиграни натпревари. До крајот на есенскиот дел останува дуелот против екипата на Рисови.