Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Лавиците „го фрлија“ Металург на колена во Автокоманда, голема победа со пресврт за целосна хегемонија
Лавиците „го фрлија“ Металург на колена во Автокоманда, голема победа со пресврт за целосна хегемонија

Лавиците „го фрлија“ Металург на колена во Автокоманда, голема победа со пресврт за целосна хегемонија

Можеби денес го одиграа најтешкиот меч оваа есен, но и најубавиот. Девојките на Платон и Папуџиева, пионерките на Вардар ја покажаа целата лепеза на ракометната магија која ја имаат во себе. Прв пат заминаа на пауза со негатива, ама не се уплашија во вторито дел го “столчија„ противникот, покажаа зашто се „Лавици“. Пионерките на Вардар триумфираа со резултат 25-33, иако на одмор заминаа со негатива 14-12.

1 2 5
Дуелот започна со две одбрани на Вероника Ѓорѓиевска, тоа во напад го наградија Пешиќ Мила и Бојана Коцева за предност со 0-2. Ривалот влезе во серија и поведе со 3-2. Потоа сино-белите водеа и со 6-4 на овој кадетски дуел. Нашите девојки се бореа за секоја топка, се играше гол за гол влеговме со резултат 9-7 во последните 10.минути. Следеше вардарова доминација, тотална во полето што донесе неверојатна серија 0-5. Ние направивме пресврет и поведовме со 9-12 на овој натпревар со голот на Зорица Андоновска. Сепак ривалот врати со иста мерка, па моравме да заминеме на одмор со негатива 14-12.

9 8 6
Вториот дел започна со по два гола на двете страни за почетни 16-14, ние веднаш ја подобривме играта, Коцева Бојана изедначи на 16-16. Ривалот промаши цел гол, Борјана ја презема одговорноста испрати лукав удар покрај чуварите за прво водство во вториот дел со резултат 16-17. Добар меч покрај неа играше и Наталија Максимовска, првпат поведовме со три гола односно со 17-20 токму со нејзиниот гол. Бевме во „екстаза“ ривалот неможеше да не пробие во одбрана, Христоска Леа впиша интервенција, безмилосен егзекутор за 17-21 беше Бојана Коцева која со Борјана „решетаа„ од надворешните позиции. Клупата на ривалот беше приморана да бара минута одмор во 43.минута, повисока ќе беше предноста, но штотуку влезената Станчева Ивана, поранешната вардарка на голот на ривалот впиша неколку одбрани. Екипа што има вакви девојки во ростерот несмее да се плаши од никој, девојките се надополнуваа една со друга, ова беше она вистинското што на навикнаа оваа 2019. Ривалот мораше да преземе нешто се одлучи со, поранешната вардарка, Мими Петковска да игра „фласетер“ на Борјана Коцева, едноставно беше како „темпирана бомба“ за нивната одбрана, неможеа да претпостават од каде ќе шутне или ќе тргне на влез. Се беше веќе јасно во 50.минута, ние поведовме со 20-26 кога погоди Андоновска од крило, го имавме ритамот, противникот немаше ни сила ни прилика да се врати во игра.

3

Нивната игра целосно се распадна ние поведовме со голот на Пешиќ и со седум плус, 21-28 во 54.минута кога клупата на противникот го искористи последниот тајм-аут. Победата дојде со резултат 25-33 на крајот.
Тоа покажа дека во вториот дел сме дале дури десет гола повеќе од ривалот, бевме на минус два пред паузата заминавме со плус осум на славење. Есенската круна ја заслуживме со одличната игра.

.

Партија на есента одигра, Наталија Максимовска која погоди 7 пати и е прв стрелец, денес инспирираната Борјана Коцева заврши со шест гола. Одличните Пешиќ Мила, Бојана Коцева и Зорица Андоновска погодија по дури пет пати.