Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите со втора победа во Крагуевац обезбедија меч за злато попладне, пионерките одиграа реми
Пионерите со втора победа во Крагуевац обезбедија меч за злато попладне, пионерките одиграа реми

Пионерите со втора победа во Крагуевац обезбедија меч за злато попладне, пионерките одиграа реми

Пионерите на РК Вардар ќе се борат за трофејот на турнирот во Крагуевац.

Момците на Зоран Петковски стигнаа и до втората победа на турнирот, откако триумфираа во дуелот со екипата на Београд. Матеј Трајановски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот, но противникот направи пресврт и поведе со 3:2. Следеше период кога се играше гол за гол на двете страни, а Вардар прв успеа да поведе со два гола разлика, кога резултатот на семафорот беше 7:9 и 8:10. Црвено-црните имаа многу подобар финиш на првото полувреме, во последните пет минути му дозволивме на Београд да постигне само еден гол, додека Вардар имаше четири погодоци, па на одмор заминавме со солидна предност од 10:14.

Со голот на Марио Стојановски го отворивме второто полувреме, за највисоки 10:15, додека истава позитива ја имавме и во 27 минута кога резултатот на семафорот гласеше 14:19. Од тие моменти направивме серија од 0:4, со два гола на Трајановски и по еден на Сипковски и Спасовски поведовме со убедливи 14:23. Остатокот од натпреварот беше рутина за вардарци, додека екипата на Београд во еден момент намали на седум гола негатива, но не доволно да се влезе во неизвесна завршница. На крајот Вардар славеше победа изразена со резултат 21:30.

Марио Стојановски беше најдобар стрелец со 6 постигнати голови, додека Матеј Трајановски и Георгиј Спасовски имаа по 5. По 3 погодоци беа дело на Александар Стојменов, Мартин Сипковски и Андреј Петрушевски. Во листата на стрелци се запишаа и Мартин Тодороски со два гола, додека по еден беа дело на Дамјан Димитриевски, Стефан Ристевски и Давид Младеновски.

Во третиот дуел со Металопластика ќе се бориме за златото, двата тима имаат по две победи досега, па победникот ќе дојде до пехарот.

Дамите одигаа реми 21-21 во дуелот со тимот на Београд, мечот заврши 21-21 следи дуел со тимот на Медицинар од Шабац. Математички се уште сме во позиција за лидерското место. Подоцна извештај детален од двата денешни меча на девојките.