Пионерите на РК Вардар со победа го отворија турнирот во Крагуевац, откако беа подобри од екипата на Раднички.
Вардаровите пионери подобро го отворија натпреварот кога поведоа со 3:0, но следеше период во кој екипата на Раднички воспостави резултатска рамнотежа, кога намали на само еден гол разлика (4:3). Сепак момците на Петковски беа подобрата екипа на теренот, следуваа нивни минути во кои играа добро во одбраната, не му дозволија цели седум минути на противникот да постигне гол, а Вардар направи серија од 6:0 и поведе со највисоки 10:3. Како одминуваше првото полувреме се зголемуваше раликата во корист на вардарци, со нова серија на погодоци во последните пет минути од првиот дел, успеавме на полувреме да имаме високи 17:5 позитива.
Серијата продолжи и во второто полувреме, кога постигнавме нови три гола и поведовме со високи 20:5, по што беше познат победникот на овој прв меч на турнирот.До крајот на дуелот, Раднички постигна само 5 голови, додека Вардар дури 14, па на крајот стигнавме и до висок триумф изразен со резултат 34:10.
Најефикасен во нашиот состав беше Мартин Тодороски кој постигна 6 голови, додека Кирил Симоновски постигна 5 голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Стефан Ристевски (3), Мартин Сипковски (3), Дамјан Димитриевски (3), Давид Славевски (3), Алек Алексовски (2), Андреј Петрушевски (2), Матеј Трајановски (2), Георгиј Спасовски (2), Давид Младеновски (2) и Марио Стојановски (1).
Во текот на денешниот ден ќе одиграме два натпревари, против екипите на Београд и Металопалстика, по што ќе биде познат пласманот за нашите млади надежи.