Во “Утринска на Телма„ гости беа тренерите на машкиот и женскиот ракометен тим на Вардар заедно со по еден претставник од тимовите. Причината за гостувањето во емисијата беше освојувањата на двете злата за пионерските состави на “Трофеј на градот “Зрењанин 2017“. Предводникот на пионерките Драгана Ристова-Пецевска беше во друшто со најдобрата ракометарка на турнирот Костовиќ , тренерот на момците Адријана Будимир беше во друштво со Бојан Чакалиќ, најдобриот поединец на турнирот во Србија.
