Пред нас е последниот меч од групната фаза во лигата на шампионите против Кристијанштад. За истиот веќе се пуштени во продажба билетите. Натпреварот меѓу црвено-црните и Кристијанштад е закажан за в недела, 12 март во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”. На нас за директен пласман во четвртфиналето потребен ни е најмалку бод.
Сите заинтересирани можат да набават билетот за натпреварот преку продажната мрежа на Тикет плус или на билетарницата во СЦ „Јане Сандански”.
Цените за натпреварот се следните:
Трибина – 350 денари
Стоење – 180 денари
Сите што имаа сезонски билети или ВАРДАР ПАСС можат да присуствуваат на натпреварот со покажување на сезонскиот билет.