Најновото издание на Вардар ТВ е целосно посветено на нашите ракометни клубови. Во ова ново издание гости се: Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ од женската екипа на Вардар, и Жоан Кањељас и Рожерио Мораеш Фереира од машката екипа на Вардар.
Во ова интервју најинтересен е Кањељас, кој речиси целото интервју го дава на македонски јазик. Иако во Вардар е помалку од девет месеци, сепак Кањељас одлично го совладал нашиот јазик.
Погледнете го целото видео на Вардар ТВ.