Во машката лига на шампиони изминативе денови се одиграа натпреварите од 13 коло во групната фаза. За нас е најинтересна е групата Б во која се натпреварува и Вардар. Црвено-црните за прв пат во новата година се поразени од екипата на Брест Мешков, додека победи во групата остварија уште и Целје, Пик Сегед и Кристијанштад.
Вардар испушти шанса на едно коло пред крајот да го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Екипата на Брест Мешков беше подобра од нас, која славеше со резултат 30:26. Извештајот од натпреварот можете да го прочитате ТУКА.
Колото во оваа група го отворија екипите на Целје и Рајн-Некар, дуел кој му припадна на Целје. Заслужена победа за домашниот тим кој имаше водство во текот на целиот натпревар. Уште од стартот имаа предност која константно растеше во текот на целото прво полувреме, за по истекот на првите 30 минути резултатот да гласи 20:13. Во второто полувреме, избраниците на Тамше имаа контрола на резултатот и не дозволија да ја испуштат победата. Најмногу што му дозволија на противникот е да намали на пет гола негатива. До крајот на мечот беа постигнати голем број на погодоци, за конечен резултат од 37:31. Мачковшек беше предводникот кај Целје со 9 голови, додека кај Рајн-Некар прв стрелец беше Ларсен со 6 голови.
Најголемото изненадување во оваа група го направи Кристијанштад која успеа на домашен терен да биде подобра од актуелниот европски шампион. Стартот на натпреварот не навестуваше ваков исход на крајот, бидејќи Киелце поведе со 1:4, сепак нивната предност не траеше долго време. Домашниот тим брзо ја анулира негатива, дури и успева да стигне до прво водство. Во следните седум минути се играше гол за гол и ниедна од екипите немаше поголема предност од еден гол. До крајот на првото полувреме, Кристијанштад имаше постојана предност и го контролираше резултатот во своја корист. Имаа и највисоки три голови, додека на полувреме шампионот на Шведска замина со водство од 15:13.
Стартот на натпреварот му припадна на Кристијанштад кој постигна два последователни голови за најголеми 17:13. Сепак избраниците на Душебаев не помислија да се предадат и со серија на погодоци најпрво успеваат да го израмнат резултатот, а во следниот напад дури и да поведат. Киелце е далеку од посакуваната форма и никако овој тим да го фати посакуваниот ритам. Евидентни се слабостите во нивната игра и допуштање на противникот да постигнува лесни голови. Тоа на овој дуел го искористи и Кристијанштад кој во последните десет минути се одлепи на највисоки пет гола, кои се покажаа како клучни за победата. Конечниот резултат гласеше 29:25. Соренсен и Хенингсон постигнаа по 6 голови, додека кај Киелце најдобар беше Јахлевски со 5 голови.
Пик Сегед го победи Загреб и остана во борбата за висок пласман во оваа група. Избраниците на Пастор беа подобри од ППД Загреб кој пак “грчевито“ се бори за шесттото место. Гостинскиот тим на стартот од натпреварот во два наврати имаше водство од два гола разлика. Набргу Пик Сегед го израмни резултатот, а во продолжение од првиот дел имаа и постојано водство. На полувреме заминаа со два гола разлика, која беше и највисока во првите 30 минути (14:12). Во првите десет минути од второто полувреме, ППД Загреб одржуваше резултатска неизвесност до моментот кога Пик Сегед се одлепи на највисоки седум голови разлика. До крајот на мечот највеќе што намали гостинот беше четири голови негатива. На крајот конечениот резултат гласеше 26:21. Кај Пик Сегед, најефиаксен беше Балог со 7 голови, додека на спротивната страна Валчиќ додаде 4.
На едно коло пред крајот, нашиот шампион го држи првото место на табелата.
1. Вардар 18
2. Рајн-Некар 17
3. Киелце 16
4. Пик Сегед 15
5. Брест Мешков 14
6. Целје 9
7. Кристијанштад 8
8. ППД Загреб 7
Вардар со победа против Кристијанштад го освојува првото место во групата. Во последното коло двојките се следниве:
Вардар – Кристијанштад
Рајн-Некар – Пик Сегед
Киелце – Брест Мешков
ППД Загреб – Целје