Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерските екипи на Жрк и РК Вардар на турнир во Србија
Пионерските екипи на Жрк и РК Вардар на турнир во Србија

Пионерските екипи на Жрк и РК Вардар на турнир во Србија

Младите ракометарчиња на црвено-црните  родени 2002/2003 викендов ќе учествуваат на меѓународен турнир во Зрењанин-Србија. На истиот ќе земат учество двете екипи на Вардар и момчиња и девојчиња.

Во машка конкуренција  генерацијата “2002“ под водство на тренерот Андријана Будимир ќе се натпреварува во група со следните противници: Камп Растеме, Спачва, Војводина и Раковица, а пак  во другата група се Партизан, Ц.Ѕвезда, Камп Црвенка, Рудар, Град Зрењанин. Во оваа категорија има и најмногу пријавени екипи.

Кај девојчињата, Вардар пријави екипа во генерацијата родени 2001 година. Пионерките на Рк Вардар се предводени од Драгана Пецевска Ристова. Вардарки се во група со Турунум, Нов Белград, Камп Црвенка и Јаша Томиќ. Во Б групата се: Авала, Кикинда, Раднички Белград, Железничар и Наиса. Распоредот  на натпревари на овој меѓународен турнир е следен:

13.02.2016 Нов Белград – Вардар (16,40 ч.)
14.02.2016 Таурунум – Вардар (08,00 ч.)
14.02.2016 Вардар – Камп Црвенка (14,00 ч.)
14.02.2016 Јаша Томиќ – Вардар (19,20 ч.)
15.02.2015 Натпревари за пласман.

vardarfans turnir