Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Будимир и момците газат во пионерската лига, Куманово лесен плен, триумф в гости за 8/8
Будимир и момците газат во пионерската лига, Куманово лесен плен, триумф в гости за 8/8

Будимир и момците газат во пионерската лига, Куманово лесен плен, триумф в гости за 8/8

Пионерите на РК Вардар се прва машка  екипа од младите категории на црвено-црните кои ја стартуваат пролетната полу-етапа во првенството. Тие денес гостуваа  кај екипата РК Куманово, во спортската сала „Куманово”. Избраниците на Андријана Будимир дојдоа до осмата победа во осмото коло од пионерската лига со убедливи  12-26 (6-14).

bb2

Нашите момци уште на почетокот ја преземаа иницијативата и истата ја имаа во тек на цел дуел, повторно перфектно одработија во нападот и одбраната онака како што од нив бара нивниот ментор. Најпрвин на почетокот домаќинот поведе со 2-1, по што следеше серија 1-4 со која поведовме со  3-5 по 9.минути игра. По преземањето на водството па се до крајот ние ниту еднаш не дозволивме да биде загрозена нашата предност. Од минута во минута газевме па на одмор заминавме со “плус осум“ односно со предност од 6-14 најавувајќи нова победа над овој ривал. Колку одлично изиграа момците на Будимир во одбрана особено во првиот дел говори фактот што примија само еден гол од игра, останатите голови домаќините ги постигнаа од пенал

bb

Вториот дел почна со гол за црвено-црните кои поведоа со 6-15, во 6.минута од дуелот првпат отидовме на двоцифрена прдност. Ние погодувајќи за 9-19 поведовме со плус десет. Се во продолжение беше веќе видено, игравме цврсто и беспрекорно во одбраната, сето тоа во нападот го наградувавме со нови погодоци. До крајот додатно ја зголемивме предноста па победивме со 14 гола повеќе од домашниот пионерски колектив. Вардаровите пионери дојдоа до триумф со резултат 26-12 на овој прв пролетен дуел. Кај нас Мишевски и Чакалиќ беа први стрелци со по шест гола.

bb4

РК Вардар стрелци: Мишевски 6,  Чакалиќ 6, Жерновски 4, Калишевски 3, Грујоски 2,  Ташевски 1, Трајчевски 1, Јанчев 1, Павловсси 1 и Савревски 1.