Вардарки го доживеа првиот пораз сезоната и тоа на денешното гостување во Франција, од екипата на Мец. Иако Вардар имаше предност од 18:20, дозволија Мец да се врати повторно во предност и тие во последните минути да влезат со два гола, кои ги задржаа до крајот, за конечен резултат од 24:22. Пикерот на Вардар, Цвијиќ истакна дека победникот бил решен во последните пет минути, период кога Вардар направил многу грешки.
-Секако дека сме тажни поради поразот, но драго ни е што имавме тежок меч на гости да ги видиме грешките. Треба да гледаме позитивно, зашто имаме уште два натпревари за да останеме први во групата. Не треба да паднеме сега психолошки. Ова е само еден наш лош ден. Последните пет минути пресудија. Треба да видиме каде тука грешевме. Мислам дека оваа екипа може да оди многу далеку.