Вардар го доживеа вториот пораз во оваа 2018 во елитната лига, “црвено-црните” вечерва беа поразени од Нант со резултат 27-26 (18-12).
Тимот на Вардар го одигра најлошото прво полувреме оваа сезона, нашиот тим во првите 30. минути на теренот делуваше како да нема своја одбрана, во првиот дел “црвено – црните” примија дури 18 погодоци. И голманите немаа свој ден, Милиќ и Штербик заедно имаа само пет одбрани. Уште од самиот старт Нант поведе, во 5. минута имаа предност од 5-3, кон средината на првиот дел Вардар се врати со неколку голови во серија за 9-6. Потоа следуваше нова серија на домаќинот, нивниот голман се разбрани па така Вардар имаше и потешкотии во нападот. На крајот од првиот дел францускиот тим имаше предност од високи и убедливи плус шест, 18-12.
Вториот дел почна лошо за нас со два гола за домаќинот, тие поведоа со 20-12 на почетокот од вториот дел. По седум минути на семафорот стоеше 21-15 во корист на Нант, ние со серија 1-3 намаливме дел од предноста на домаќинот. Повторно многу исклучувања и во вториот дел во нашиот состав тоа го користи домаќинот за да одржи предноста. Точно на средината на вториот дел резултатот беше 23-17 во корист на домашниот колектив. Ние се обидувавме да се доближиме па во 21.минута дојдовме на само минус пет, преку Циндриќ намаливме на 25-20. На 6.минути до крај намаливме на 25-22 по што домашната клупа побара минута одмор за консолидација. Драма во последните минути дел од истата беше дело на судиската двојка која малку и помогнаа на домашната екипа. Ние на 1.минута до крајот имавме напад при резултат 27-25, Гонзалес побара тајм-аут. Ние погрешивме во напад времето минуваше, домаќинот беше напад украдовме и погодивме, но касно. На крајот бевме поразени со 27-26.
Кај Вардар на овој дуел Дибиров и Циндриќ имаа по четири гола, а Штербик имаше 11 одбрани.