Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пораз на Вардарки на гостувањето во Делчево
Пораз на Вардарки на гостувањето во Делчево

Пораз на Вардарки на гостувањето во Делчево

Денес прв дуел во 2018 година одигаа најмладите ракометарки на Вардар. Тие не ги освоија бодовите на гостувањето кај Делчево, избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска мечот од осмото коло од пионерската лига против Делчево го загубија со резултат 24-17 (6 – 6).
Со гол натпреварот го отвори противникот, во петтата минута од дуелот резултатот беше 4:4, Вардарки продолжија да играат добро и во текот на првото полувреме, се играше со малку голови за на полувреме да се замине со целосна резултатска неизвесност 6-6. Во вториот дел Вардарки ги стигна заморот и потклекнаа пред противникот, па така некаде околу 45. минута Делчево имаше висока предност од 20-13. До крајот на дуелот Вардар немаше сили за фаќање резултатски приклучок па така дуелот заврши со победа на домаќинот со резултат 24-17.
ВАРДАР: Мила Пешиќ 4, Мила Крагељ, Александра Колоска 3, Леа Христовска, Борјана Коцева 3, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска, Андреа Миланова 1, Бојана Радевска, Ана Мирчевска, Бојана Коцева 3, Магдалена Тошевска 1.