Тимот на Вардар Јуниор игра неверојатно во плеј-аутот, повторно забележавме победа на дуел во оваа фаза. Тимот на РК Прилеп мораше да се помири со пораз на мечот одигран во “Јане Сандански“ против момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков. Победата дојде со резултат 34-26.
Со оваа победа ние се зацврстивме на 3.место на табелата во плеј-аут сегметот од машката Супер лига. Дуелот започна со одличен старт за нас, ние на самиот почеток поведовме со 3-0. Предноста од плус три ја чувавме се до 12-9, по што ривалот се закани и со мини серија 1-3 дојде на минимални 13-12. Сепак ние одигравме далеку подобро во финишот па на нивните два гола одговоривме со тројна мерка за на одмор да заминеме со плус пет, 19-14.
Вториот дел започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 20-15. Ние бевме подобар противник постојано против повозрасниот тим го контролиравме мечот и ја одржувавме предноста, која негде на средината на вториот дел отиде и на осум гола позитива, 26-18. По ова се до крајот беше рутина, жолто-сините единствено што успеаа да направат до крајот е да се спасат од двоцифена негатива. Ние победивме со осум погодоци односно со резултат 34-26.
Во нашиот табот прв стрелец беше Ѓоргиев Игор со шест гола, Ќосевски Ален имаше гол помалку односно пет, дуелот со четири погодока го заврши Нанов Александар.