Иако играат на турнир против кадетки, најмладите ракометарки на Вардар, пионерките остварија половичен успех во групната фаза. Како што вчера ве известивме по победата над Крим дојде дуелот со домаќинот Левалеа. Оваа средба мина типично за балкански дуел со пристрасно судење за домаќинот. Покрај тоа нашите девојки имаа акомулиран замор поради патот и фактот што тоа за нив беше трет дуел вчера.
По првото полувреме имавме негатива од 2-6, во вториот дел одигавме уште подобро, одржувајќи игра гол за гол. Поразор дојде со резултат 13-9.На овој меч Сара Стефановска и Мила Пешиќ постигна по 3 гола. Две победи во услови кога во категорија која е повозрасна од нас, е огромен успех за овој млад и перспективен тим.
По расплетот и одигрување на сите натпревари нашите ракометарки се пласираа за разигрување од петто до осмо место. Најпрвин од 10,30 разигруваме и со победа би се бореле за петто место, а со пораз за седмо. Противник ни е тимот на Ракометната репрезентација на град “Белград“,