Sunday ,24 June 2018
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ГОНЗАЛЕЗ ГО НАДМУДРИ ВУЈОВИЌ, МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМА БОРБА ЈА ПОБЕДИ СЛОВЕНИЈА
ГОНЗАЛЕЗ ГО НАДМУДРИ ВУЈОВИЌ, МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМА БОРБА ЈА ПОБЕДИ СЛОВЕНИЈА

ГОНЗАЛЕЗ ГО НАДМУДРИ ВУЈОВИЌ, МАКЕДОНИЈА ПО ГОЛЕМА БОРБА ЈА ПОБЕДИ СЛОВЕНИЈА

По голема борба во текот на сите 60 минути, Македонија успеа да ја победи Словенија. Гонзалез го надмудри Вујовиќ, Македонија слави со резултат од 25:24.

Првите два гола за Македонија беа дело на капитенот Кирил Лазарв и тоа со ударите од седум метри. После нерешените 2:2, Словенија успева прва да се одлепи на два гола разлика (2:4), а нивниот голман Скок одлично бранеше во текот на целото прво полувреме. Голманот на Словенија и ППД Загреб по десет минути игра стигна до својата четврта одбрана, една од тие беше и од пеналот на Лазаров кој после два погодени удари од таа позиција, во третиот обид промаши. Манасков од својата позиција исто така имаше два промашени удари, па така противникот и понатаму одржуваше предност, кога поведе и со 2:5, за пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов со својот прв гол да намали на 3:5. Мора да се напомене дека Стоилов им правееше и највеќе проблеми на противничката репрезентација, која имаше дури шест исклучувања во првиот дел и тоа токму со направени фаули врз нашиот пикер. Десниот бек на Словенија, Жига Млакар беше нерешлива енигма во нападот и тој постигна половина од погодоците до 15 минута од натпреварот. Ристовски имаше само една одбрана, па тренерот Гонзалес реши да го замени со Митревски, што се покажа како одлично решение од клупата. Токму со одбраните на Митревски, кој успеа да забележи пет во првиот дел и со головите на Лазаров кој имаше пет погодоци, Македонија успева од три гола негатива да се врати целосно во игра и на одмор да замине со нерешен резултат (11:11), откако во последните секунди погоди за прв пат и Филип Талевски.

Прв гол од игра и на Дејан Манасков, вкупно трет на натпреварот, започнува второто полувреме и прво водство на Македонија на овој меч. Митревски продолжува со одбраните, а Манасков со нов гол во серија носи предност од 13:11. Каква игра на нашите момци во вториот дел, со првиот гол на Пешевски веќе имаме солидно водство од 15:11, а Митревски блеска на голот со нова одбрана, овој пат од седум метри. Словенија ја прекинува нашата серија од 7:0 и тоа во моменти кога на теренот имаме само тројца играчи, поради судиски исклучувања. Избраниците на Вујовиќ се враќаат во игра и со голот на Зарабец стигнуваат до само еден гол негатива (16:15). Голема борба се водеше на теренот, а двајцата тренери од клупата добиваат жолти картони. По подолго време, играчот на Кил, Зарабец постигнува гол за нерешен резултат од 17:17. Во следните минути се играше гол за гол и ниту една од двете репрезентации немаа поголема предност од еден гол. Македонија успева со головите на браќата Лазарови да стигне до предност од 25:24 на три минути пред крајот. Со овој резултат завршува и натпреварот.

Манасков постигна 8 голови, додека Лазаров 7. Стојанче Стоилов нашиот голем борец имаше еден погодок, но и направи најмногу проблеми на противничката селекција.