Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор не успеа со Пролет да триумфира првпат сезонава

РК Вардар јуниор не успеа со Пролет да триумфира првпат сезонава

Вчера својот  вториот натпревар сезонава во машката Супер ракометна лига, а прв на домашен терен  го одигра екипата предводена сезонава од Стојан Петрушевски тимот на  Вардар јуниор. Тие беа домаќини во Срц „Кале” на скопскиот ривал РК Пролет 62. Не успеавме да победиме првпат сезонава , за жал   гостите заминаа со победа 18-20 (9-12). За подмладениот тим на Јуниор ова е втор пораз на во новата сезона.

Гостите поведоа на почетокот со 0-2 , ние вративме со еден гол преку Ончев сепак наместо да се вратиме резултитски тие со серија 0-3 се одлепуваат на 1-5. По ова играта се одвиваше помирно гол за гол на двете страни, а резулатот одеше од минус четири на минус пет и обратно за нас. Нашите млади ракометари успеаа да намалат на 8-11, но немаа сили за некој поголем пресврт.  На одмор се замина со негатива од три гола, на семафорот во “Кале“ за време на паузата стоеше резултатот 9-12 .

Второто полувреме го стартуваме со два гола во мрежата на противникот одкако тие погодија во првиот напад , резулатот беше 12-13. Најблиску во продолжението повторно одкако неколку пати се одлепија гостите бевме на 17-18, сепак потоа примивме погодок. Голема прилика се пропушти во клучните последни минути од натпреварот при резултат 17-19 неуспеавме да го крунисаме со погодок еден од клучните  напади , давајќи му на противникот да зголеми на 20-17 и да го добие дуелот. Најефикасни кај нас беше:  Вујачиќ со 6 гола и младиот Поповски со 4 погодоци .

Вардар јуниор – Пролет 18-20 (9-12)

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски 1, Ѓорѓески, Димов 1, Димовски, Димитровски, Ангелов 3, Анастасовски, Поповски 4, Трпчевски, Симиќ 1, Ристов, Стојковски, Манасков, Кукуловски, Вујачиќ 6, Ончев 2.