Вчера втора екипа на женскиот црвено-црн ракометен колектив Вардар СЦЈС одигра прв лигашки дуел дома со гостинки од Свети Николе екипата на Овче Поле. Во еден тесен дуел во првиот дел и супериорен во вториот дел, трите бода останаа во Скопје. на мечот во “Јане Сандански“ остваривме триумф од 37-22 (15-11).
На почетокот тргнавме со два гола во мрежата на гостинките кои веднаш вратија со иста мерка и изедначија. кратко потоа со серија 3-0 црвено-црните поведоа со 5-2. Девојките на Овче Поле не се предадоа туку се вратија во игра, тие израмнија на 9-9 а потоа и 10-10. Од овој момент започнува нашата добра игра, по што направивме серија од 5-2 и на полувреме заминавме со резултат 15-11. Тоа е комотна предност за избраничките на Симе Симовски пред почетокот на вториот дел во кој пак “буквало експлодиравме“. Вторите 30 минути , вардарки стартуваа со серија од 6-1 со што го зголемија водството на 21-12. По ова се знаеше дека дефинитивно победуваме и дека до крај на натпреварот ќе играме опуштено . Во тимот добиваат шанси девојките од клупата, од минута во минута се зголемува предноста за на крај да остваримепобеда од „плус 15″, 37-22. Во нашиот состав наједикасни беа: Нолевска 7, Митова 6, Тодоровска 5, посебно треба да се нагласи името на Белмезова која впиша 14 одбрани.
Вардар СЦЈС – Овче Поле 37-22 (15-11)
ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (14 одбрани), Стојановска 3, Трпковска 4, Георгиевска 1, Николовска 2, Митова 6, Бојаџиска 2, Тодоровска 5, Нолевска 7, Велкова, Станиќевска, Петковска (2 одбрани), Керамитчиева 1, Божиновска 3, Николовска 3, Гичева.