Денес е последниот натпреварувачки ден на ракометниот турнир во Струга. Познати се екипите кои ќе играат во големото финале, како и оние кои ќе се борат за бронзениот медал.
Вардар ќе се бори за 3.место против екипата на Татран Прешов, додека во големото финале ќе играат екипите на Целје и Еурофарм Пелистер. Татран Прешов како и Вардар заврши во второто место во групата. На три одиграни натпревари, Шампионот на Словачка забележа две победи ( против Струга и Аек) и еден пораз ( од Еурофарм Пелистер).
Натпреварот против Татран ќе се одигра од 19:10 часот со директен пренос на МТВ-3.