Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати сите ривали на РК Вардар во домашниот плеј-оф, само Скопје и Битола ќе имаат екипи во овој сегмент
Познати сите ривали на РК Вардар во домашниот плеј-оф, само Скопје и Битола ќе имаат екипи во овој сегмент

Познати сите ривали на РК Вардар во домашниот плеј-оф, само Скопје и Битола ќе имаат екипи во овој сегмент

Денес  со комплетирањето на 18.коло во машката Супер лига заврши т.н регуларен дел од истата. По вчерашниот ден веќе се познати тимовите кои ќе се бидат ривали на РК Вардар во битката за одбрана на круната во плеј-оф групата која ќе се формира.

Покрај нас и Металург како СЕХА екипи кои одат дирекно во оваа група, четири првопласирани тимови обезбедија место во истата.  Ситуацијата на табелата во Супер машката лига е таква да само два града во земјава ќе имаат можност да бидат домаќини на плеј-оф дуелите. Покрај екипите од регионалната лига пласман обезбедија и две екипи од Битола и две од Скопје.  Еурофарм Работник, Пелистер и Бутел Скопје имаа место во плеј-офот и претходно, а вчера после победата на Пролет над Прилеп и тимот од  центарот на главниот град обезбеди место во разигрувањето за круна.

Плеј-оф лигата  стартува од следниот викенд, во истата ќе бидат одиграни десет кола. Младиот тим на Вардар Јуниор предводен од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе игра во плеј-аут сегметот оваа сезона како што играше и лани.