Во пресрет на извледувањето на групите во Лигата на Шампионите, познати се шеширите во кои се наоѓаат екипите.
Вардар се наоѓа во вториот шешир заедно со екипите на Порто, Алборг и Киелце, тимови кои неможат да бидат во групата на Вардар.
И во новата сезона ќе гледаме систем на натпреварување, во кој екипите ќе бидат поделени во две групи.
При одредување на шеширите, од ЕХФ нагласија дека Вардар е под истрага, па се уште не е сигурно учеството во ЛШ. Ждрепката за групите ќе се одржи на 2.јули.