Женскиот ракометен тим „Вардар“ во сезоната 2020/2021 освои две „сребра“ во лигата и Купот на Република Македонија. Со тоа се здоби со право да ја преставува нашата земја во европските клубски натпреварувања.
По паузата од неколку сезони повторно црвено-црните девојки ќе играат во европските натпреварувања. Тимот планира да ги пријави младите девојки кои созреа изминатите три сезони, од како ги заменија европските ракометни ѕвезди кој го напуштија тимот. Покрај тоа Вардар ќе се доекипира дополнително, ќе биде ангажиран професионален тренер за физичка подготовка, односно кондиционен тренер. Ќе биде пополнето и местото за лице задолжено за здравјето на девојките, односно физиотерапевт.
Плановите иако со минимални стрества со кој располга тимот се од сезона во сезона да се подига нивото на организираност и професионалност.