Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ ќе игра во големото финале, Штербик и Наѓ во составот на Веспрем
Карачиќ ќе игра во големото финале, Штербик и Наѓ во составот на Веспрем

Карачиќ ќе игра во големото финале, Штербик и Наѓ во составот на Веспрем

Денес со почеток во 18:00 часот на програмата е големото финале во ЛШ, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Веспрем. Остана за црвено-црните уште една пречка, кон освојување на нова Европска Титула. Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги објавија составите за денешното финале. Кај Вардар и покрај повредата, Карачиќ ќе стисне заби и денес ќе се појави на теренот во Ланксес Арената, тоа ќе биде и последен меч за Карачиќ во црвено-црниот дрес. На спротивната страна, се пријавени Штербик и Наѓ, кои вчера исто така предвреме го завршија дуелот, но денес се најдоа во составот.

Вардар: Милосављев, Гедбан, Стоилов, Кристопанс, Поповски, Фереира, Дисингер, Карачиќ, Скубе, Калараш, Чупиќ, Дибиров, Горбок, Шишкарев, Војводиќ и Кисељев.