Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Slider > Парондо: Горди сме што ќе играме во финалето – Карачиќ: Само ние и нашите навивачи верувавме во победа
Парондо: Горди сме што ќе играме во финалето – Карачиќ: Само ние и нашите навивачи верувавме во победа

Парондо: Горди сме што ќе играме во финалето – Карачиќ: Само ние и нашите навивачи верувавме во победа

Вардар и Веспрем ќе играат денеска во големото финале на завршниот турнир во Келн. Црвено-црните направија нов подвиг и успеаа во полуфиналето да го совладаат тимот, кој покажа најмногу сезонава, тоа е екипата на Барселона. Иако во еден момент делуваше изгубен меч, кога имавме голема негатива од седум голови, вардарци повторно покажаа дека не се предаваат, полека ја топеа негативата и на крајот успеаа да слават со резултат 27:29. На прес-конференцијата после завршување на дуелот, своите впечатоци од триумфот ги сподели тренерот, Гарсија Парондо, кој го изјави следново:

-Горди сме што успеавме да ја елиминираме најдобрата екипа и што ќе имаме можност да се бориме за трофејот. Во првото полувреме правевме грешки, промашивме неколку зицери, а и нивниот голман бранеше одлично. Во вториот дел се вративме, верувавме и го сменивме ритамот. Им реков на ракометарите, да почне вториот дел со два наши гола, да се обидеме да се наметнеме. Секогаш веруваа во себе, веруваа во екипата и секоја им чест за пресвртот и победата.

Играчот кој повторно остави срце на терен и кој постигна неколку важни голови, Игор Карачиќ, истакна дека цела сезона е чудо за Вардар кој успеа да стигне на Ф4 во Келн, а денес да игра и во големото финале.

-Ова во Келн, чудо? Не е само ова чудо, целата сезона е чудо. Сите знаевме како можеме да играме и зошто играме. Игравме за Вардар, да не се повторуваме. Дојдовме тука да влеземе во финалето, иако 99% од Европа не веруваше во нас. Само ние и нашите навивачи верувавме во победа. Преуморни сме, сега сакаме да се одмориме малку, а потоа одиме да играме со Веспрем, кој исто така е силен тим како Барселона. Ние сме Вардар, нема да се предадеме пред никого