Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Утрово пионерите и кадетите заминаа за Босна, познати составите на двете екипи

Утрово пионерите и кадетите заминаа за Босна, познати составите на двете екипи

Утрово пионерите и кадетите на РК Вардар заминаа за Босна и Херцеговина, каде од утре до недела ќе бидат дел од турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2017“.  Веќе се познати групите и термините на одигрување натпревари во групната фаза за двете екипи, како и составите кои ќе не претставуваат на овој турнир.

Пионерите во петок ќе одиграат два натпревари, против екипите на Маглај и Метковиќ. Тренерот Андријана Будимир се одлучи за следниве ракометари: Давид Стојковски, Ненад Ангеловски, Леонид Чорогунов, Дамјан Димитриевски, Антонио Пешевски, Бојан Чакалиќ, Никола Жерновски, Давид Мирчевски, Борис Павловски, Андреј Трајановски, Велимир Грујовски, Давид Савревски, Горјан Трајчевски, Марио Мишевски, Симон Калајџиски, Благој Димчески, Дамјан Србиновски, Матео Јанчев.

Два натпревари во воведниот ден и за Вардаровите кадети, кои турнирот ќе го отворат против екипата на Маглај. До крајот на денот ќе одиграме уште и со тимот на Јерузалем. Тренерскиот тандем, Чивлачки и Грчевски се одлуќија за овој состав: Христи Бикоски, Мартин Игнов, Александар Нанов, Тони Атанасовски, Кристијан Стојановски, Антониј Мисаилески, Благоја Антевски, Марио Миланов, Васе Наков, Ален Ќосевски, Мартин Мајстороски, Стефан Динев, Марко Кизиќ, Горјан Блажевски, Пепи Манев.