Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Според ЕХФ, Вардар моментално е трет најдобар состав во ЛШ

Според ЕХФ, Вардар моментално е трет најдобар состав во ЛШ

Пред одигрување на четвртфиналните натпревари, експертите на ЕХФ ја направија последната анализа и рангирање на екипите, пред одигрување на последните натпревари кои водат на завршниот турнир во Келн. Во оваа завршна анализа, екипата на Вардар напредуваше за една позиција погоре, односно претходно од четвртото место, сега црвено-црните се гледаат како трет најдобар состав во лигата на шампионите. Тоа значи дека Вардар би играл на завршниот турнир во Келн и би го освои бронзениот медал. Вардарци стануваат се повеќе ценети, а по освојувањето на СЕХА-лигата, ЕХФ ги гледа и како состав кој атакува на врвот и во најголемото ракометно натпреварување. Во нивната анализа се вели:

Четврта среќа? Најмалку што верува гордиот град Скопје е дека е доволно од четвртфиналиња. Досега четирипати стигнуваа до четврт-финале, но никогаш во Келн. Женскиот тим тоа веќе го постигна, но играчите на Раул Гонзалез мора да се сретнат со нивниот “дух“ од минатото, со Флензбург кој го победи Вардар во неверојатен четвртфинален двомеч. Овојпат Македонскиот тим е фаворит за пласман во Келн. Вардар победи во својата група, и го прескокна осминафиналето и имаа време да се подготват за Ф4 турнирот на СЕХА лигата, каде ја покажаа силата победувајќи го Веспрем. Тие имаат тенденција да потфрлат во важни натпревари, но ова е најсилниот Вардар досега, се вели во објаснувањето.

Најголеми шанси за освојување на европската титула се дава на Барселона, додека втори се ПСЖ. Вака изгледа ранкингот пред започнување на четвртфиналните натпревари:

1. Барселона
2. ПСЖ
3. Вардар
4. Веспрем
5. Флезбург
6. ПИК Сегед
7. Монпелје
8. Кил