Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати саатниците на одигрување натпревари на Ф4 турнирот во ракометниот Куп на Македонија
Познати саатниците на одигрување натпревари на Ф4 турнирот во ракометниот Куп на Македонија

Познати саатниците на одигрување натпревари на Ф4 турнирот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометната федерација на Македонија во договор со организаторот Куманово, ги одреди термините и саатниците на одигрување натпревари на завршните натпревари во Купот на Македонија.

Машкиот ракометен тим на Вардар за противник во полуфиналето ја доби екипата на Еурофарм, натпревар кој ќе се одигра на 10.мај ( петок) со почеток од 20:00 часот. Доколку се пласираме во големото финале, истото ќе биде одиграно следниот ден во истиот термин, со победникот од дуелот меѓу Металург и Бутел.

Женскиот тим на Вардар преку Стружанка ќе се обиде да избори финале во купот на Македонија, меч кој ќе се одигра на 9.мај со почеток од 17:00 часот. Во евентуално финале, младите вардарки ќе играат со победникот од мечот помеѓу, Металург и Куманово, истото е закажано за на 11.мај со почеток од 17:00 часот.

Мечевите ќе се одиграат во спортската сала Куманово, цената на билетот за два натпревари изнесува 100 денари.