Познати се термините на одигрување натпревари за првите десет кола во Лигата на Шампионите. Европската ракометна федерација во договор со клубовите, како и телевизиите кои ги пренесуваат мечевите од најголемото ракометно натпреварување, ги одредија саатниците за првите десет меча во ЛШ.
Единствено, се уште не е познат, точниот датум за гостинскиот дуел на Вардар против екипата на Киелце, кој треба да се одигра на 25 или 26.ноември.
Ова се термините и саатниците за првите десет кола на Вардар, во рамките на групната фаза:
1 коло – 16 септември
Мешков Брест – Вардар 1961 18,45 ч.
2 коло – 24 септември
Вардар 1961 – Елверум 20,45 ч.
3 коло – 1 октомври
ПИК Сегед – Вардар 1961 18,45 ч.
4 коло – 15 октомври
Вардар 1961 – Флензбург 20,45 ч.
5 коло – 22 октомври
Вардар 1961 – Порто 20,45 ч.
6 коло – 29 октомври
ПСЖ – Вардар 1961 20,45 ч.
7 коло – 19 ноември
Вардар 1961 – Кјелце 18,45 ч.
8 коло – 25/26 ноември
Кјелце – Вардар 1961
9 коло – 3 декември
Порто – Вардар 1961 20,45 ч.
10 коло – 10 декември
Вардар 1961 – ПСЖ 20,45 ч.
Во новата натпреварувачка сезона, натпреварите во ЛШ ќе се играат во среда и четврток.