Познати се три патници на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.
Во финалето на групата, Вардар успеа да го победи Тиквеш (33:25) и на тој начин да обезбеди учество на Ф4 во Купот. Таму се пласираа уште и екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел. Еурофарм Пелистер во одлучувачкиот натпревар беше подобар од Охрид (27:21), додека Бутел излезе како победник на дуелот со Струга (29:23).
Последниот патник на завршниот турнир ќе се бара од екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, кој ќе играат во финалето на едната четврт-финална група.