Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пред три години, РК Вардар испиша ракометна „бајка“, златниот гол на Чупиќ ни донесе Европска титула
Пред три години, РК Вардар испиша ракометна „бајка“, златниот гол на Чупиќ ни донесе Европска титула

Пред три години, РК Вардар испиша ракометна „бајка“, златниот гол на Чупиќ ни донесе Европска титула

На денешен ден пред точно три години, ракометниот клуб Вардар испиша историја со освојување на првата Европска титула.

На завршниот турнир во Келн во 2017 година, во финалето се сретнаа екипите на Вардар и ПСЖ. Во еден израмнет меч, избраниците на Раул Гонзалез во финалето го победија тимот на ПСЖ (24:23). Дибиров беше најефиксен во финалето со 6 постигнати голови.

Златниот гол на неколку секунди пред крајот го постигна Иван Чупиќ, кој го совлада Омејер. Голема беше радоста на вардаровите играчи и навивачите кои беа во „Ланксес Арената“.