Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 12.коло во ракометната Супер Лига, Вардар остана со максимален број на бодови
Преглед на 12.коло во ракометната Супер Лига, Вардар остана со максимален број на бодови

Преглед на 12.коло во ракометната Супер Лига, Вардар остана со максимален број на бодови

Вардар стигна и до својата 12.последователна победа на натпреварите во ракометната Супер Лига. На домашен терен, црвено-црните втор пат сезонава беа подобри од екипата на Охрид, додека победи во ова коло забележаа и екипите на Алкалоид, Бутел и Прилеп.

Комплетни резултати од 12.коло во групата А:

Куманово – Бутел  19:31

Вардар Неготино – Прилеп  28:29

Вардар – Охрид  32:25

Струга – Алкалоид 29:44

Вардар е прв со максимални 36 освоени бодови, додека Алкалоид се наоѓа на второто место со 30 бодови. До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола. Во претпоследното коло, Вардар е домаќин на Куманово, додека во последното коло ќе гостува кај тимот на Струга.