Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не запира со победите, преглед на одиграното 11.коло
Вардар не запира со победите, преглед на одиграното 11.коло

Вардар не запира со победите, преглед на одиграното 11.коло

Екипата на РК Вардар остана на максимален број на освоени бодови и после одигрување на 11.коло во групата А. Се очекуваше можеби екипата на Алкалоид да даде посилен отпор, на натпреварот кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда, но вардарци стигнаа до рутинска победа изразена со висока разлика. До победи во ова коло стигнааа и екипите на Струга, Охрид и Бутел.

Комплетни резултати во групата А:

Алкалоид – Вардар  22:30

Охрид – Куманово  32:17

Бутел – Вардар Неготино  31:24

Прилеп – Струга  21:28

Вардар со сигурност ќе заврши на првото место во својата група, во регуларниот дел од сезоната. После ова коло, Вардар има 33 бодови, додека Алкалоид остана на 27, Бутел и Охрид се наоѓаат на 3 и 4 место со по 21 освоен бод. Во следното коло, црвено-црните се домаќини на Охрид.