Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на претпоследното коло во Супер Лигата, Вардар го дели уште една победа до Титулата
Преглед на претпоследното коло во Супер Лигата, Вардар го дели уште една победа до Титулата

Преглед на претпоследното коло во Супер Лигата, Вардар го дели уште една победа до Титулата

После победата против екипата на Бутел, ракометарите на Вардар се наоѓаат на само уште еден чекор до освојување на Шампионската титула. Во рамките на претпоследното коло, црвено-црните славеа високо на гостувањето кај екипата на Бутел (23:33) и на тој начин останаа на врвот на табелата во пресрет на последното коло.

Во 9.коло до победи стигнаа и екипите на Еурофарм Пелистер против „братскиот“ Еурофарм Пелистер 2, додека Тиквеш беше подобар од Охрид.

Резултати од одиграното 9.коло.

Бутел – Вардар  23:33

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер  27:30

Тиквеш – Охрид 28:22

Вардар се наоѓа на првото место со 29 бодови, додека Еурофарм Пелистер има 28 бода.

Распоред на натпревари за последното 10.коло:

Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Вардар – Тиквеш

Еурофарм Пелистер – Бутел