Македонската ракометна репрезентација во наредниот период ќе настапи на медитеранските игри во Оран, Алжир. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи, со кои ќе настапи на ова натпреварување.
На списокот се најдоа и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманите Мартин Томовски Васил Гогов, пикерот Костадин Петров и левиот бек, Марко Мишевски.
Собирот на репрезентацијата е на 13. јуни во хотел Карпош.