РК Вардар 1961 е на добар пат да комплетира уште една дупла круна во ракометниот шампионат на Македонија. ,,Црвено – црните” се на само еден чекор и тоа на домашен терен доколку го победат тимот на Тиквеш 2014, тогаш ќе стигнат до уште една, нова титула.
Ова значи дека на дуелот во сабота на кој Вардар ќе биде домаќин, голем број на ракометари и ќе се простат од дресот на ,,црвено – црните”. Според информациите на ,,Вардар Фанс”, во сабота последен дуел во дресот на најтрофејниот ќе имаат: Жереми Тото, Кевин Њокас, Оливие Њокас, Бакари Дијало, Патрик Валчак, Јан Чувара, Костадин Петров и Стефан Додиќ.
Се очекува на сите овие играчи да им се додели признание и големо благодарам што беа дел од екипата на Вардар изминатиов период.