Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арена Спорт 2 ќе врши директен пренос од дуелот на Вардар со Фленсбург
Арена Спорт 2 ќе врши директен пренос од дуелот на Вардар со Фленсбург

Арена Спорт 2 ќе врши директен пренос од дуелот на Вардар со Фленсбург

Во четврток (15.10) на програмата е 4.коло во ракометната Лига на Шампиони. Во Скопје треба да допатува екипата на Фленсбург, а ова ќе биде само втор натпревар за црвено-црните сезонава во ЛШ, со оглед дека претходните натпревари со Елверум и Пик Сегед беа одложени.

Директен пренос од натпреварот кој својот почеток го има од 20:45 часот ќе можете да проследите на Арена Спорт 2. Во изминативе пет дена, избраниците на Алушовски одиграа два контролни натпревари против Бутел и Металург кои ги добија во своја корист.