Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Поповски: Фаворити сме со Нексе, но мора тоа да го потврдиме на терен
Гонзалес и Поповски: Фаворити сме со Нексе, но мора тоа да го потврдиме на терен

Гонзалес и Поповски: Фаворити сме со Нексе, но мора тоа да го потврдиме на терен

РК Вардар утре го завршува регуларниот дел од СЕХА Газпром лигата со последниот меч против хрватскиот вице-првак, тимот на РК Нексе. Истиот ќе се одигра од  17-45 часот во  СЦ „Јане Сандански”- Скопје. Вардарци се први на табелата и  имаат обезбедено место на Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје од 13 до 15 април. По повод овој дуел крилото на Вардар, Поповски и шефот на стручниот штаб Гонзалес на денешната прес конференција го изјавија следното:

Раул Гонзалес – тренер на Вардар: Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво.

Мартин Поповски – играч на Вардар: Малку сме изморени од последните две гостувања во Србија, но тоа мора да го пребродиме. Имаме голем мотив за да завршиме без пораз на крајот од групната фаза што е секако голем успех за нас во оваа СЕХА-лига. После дуелот против Нексе ни претстои мал одмор, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон завршниот турнир од СЕХА во Скопје. Примарна цел ни е да ја одбраниме титулата на Ф4 турнирот на кој сме домаќини.