Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Прв натпреварувачки ден на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер. 2008/09
Прв натпреварувачки ден на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер. 2008/09

Прв натпреварувачки ден на турнирот “Еден живот, една љубов, кај генер. 2008/09

Денес во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански продолжи младинскиот ракометен турнир “Еден живо,една љубов„. Претстојниве два дена ќе гледаме натпревари во машкиот дел кај генерацијата родени 2008/09 година. Учество земаат вкупно пет екипи, кои ќе играат по системот “секој против секого„. Кој на крајот ќе има најмногу победи, тој ќе стане освојувач на зимскиот турнир.

На денешната програма беа пет натпревари. Мечевите се играат во две полувремиња од по 12 минути.

Турнирот го отворија екипите на Ангели и Бисинов 2. Подобра беше екипата на Ангели која славеше со резултат 6:4. Во текот на целиот меч екипата на Ангели беше во водство, а по првото полувреме имаа водство од 3:1. На стартот од вториот дел стигна и најголемата позитива од три гола, но велешани не се предадоа, сврзаа два гола во серија со кои намалија на 4:3. Сепак во последните шест минути подобро се снајде екипата на Ангели, која славеше со резултат 6:4 и на тој начин стигна до првата победа на турнирот.

На вториот меч се сретнаа екипите на Бисинов 1 и ОПШ.Кисела Вода. Натпреварот заврши со минимален триумф на Кисела Вода. Иако Бисинов подобро го отвори натпреварот и поведе со 2:0, екипата на Кисела Вода успеа да го израмни резултатот, па дури и да поведе со 3:4. Сепак на полувреме се замина со нерешен резултат 5:5. Откако во вториот дел и двете екипи постигнаа по еден гол следеше серија на Кисела Вода од 0:3, со што зголемија на највисоки 6:9. До крајот Бисинов намали, но недоволно да се избегне пораз. Славеше Кисела Вода со резултат 8:9.

Екипата на Кубалибре Седмерец од Охрид успеа да триумфира на третиот меч од денешната програма. Тие за противник ја имаа екипата на Ангели, која ја совладаа со резултат 10:4. Уште по првото полувреме беа решени работите на овој натпревар, кога охриѓани имаа високо водство од 7:1. Во второто полувреме, Ангели направија серија од 0:3 за да намалат на 7:4, но последните три гола на мечот беа за екипата на Седмерец, која слави со конечни 10:4.

Меѓусебниот дуел на екипите на Бисинов 2 и Бисинов 1 заврши со нерешен резултат од 8:8. Бисинов 2 прв успеа да го отвори резултатот, но Бииснов 1 врати со серија од четири последователни погодоци за предност од 1:4. На полувреме резултатот беше 2:5. Во вториот дел Бисинов 2 ја стопи негатива, најпрво намали на 5:6, за во интересна завршница да дојде до поделба на бодовите.

Последниот петти натпревар за денес го одиграа екипите на ОПШ.Кисела Вода и Кубалибре Седмерец, меч кој го доби екипата од Охрид. По првото полувреме резултатот беше 0:6, по што беше јасно кој ќе биде победникот. Во вториот дел првите голови ги постигна и Кисела Вода, за на крајот конечниот резултат да гласи 4:12.

Во текот на утрешниот ден  ќе се одиграат уште пет нови натпревари, по што ќе биде познат победникот во оваа возрасна генерација.