Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Претстојниов викенд ќе се одиграат првите завршни турнири во “Јуниор“ лигата
Претстојниов викенд ќе се одиграат првите завршни турнири во “Јуниор“ лигата

Претстојниов викенд ќе се одиграат првите завршни турнири во “Јуниор“ лигата

Викендов се играат првите фајналфор турнири од Вардар Јуниор лигата за сезоната 2017/2018. Во сабота и в недела, 5 и 6 мај, во СЦ Кале на распоредот се разигрувањето за финале и церемонијата за награди за момчињата родени 2004/05, како и за најмалите ракометари на лигата – децата родени 2008 година и помали.

Додека момчињата родени 2002/03 и 2006/07 го играат 10 коло.

-Распоред на натпревари за 5 и 6 мај: saatnica_skopje_5_i_6_-_05.2018.pdf

Во СЦ Кале в недела, на 6 мај, се играат Ф4 турнирите на Вардар Јуниор лигата во женска категорија. Со церемонијата за доделување на наградите и официјално ќе заврши сезоната 2017/2018 за девојките кои се натпреваруваа во категориите 2004/05 и 2006/07.

Распоред за фајнал 4 турнирот: saatnica_skopje_5_i_6_-_05.2018.pdf