Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Металург на ТВ Телма
Вардар – Металург на ТВ Телма

Вардар – Металург на ТВ Телма

Вечерва во С.Ц. “Јане Сандански” ќе се одигра првиот од двата натпревари кои ќе дадат новиот шампион на Македонија во Супер лигата. Вардар е домаќин на екипата на Металург, во дербито кое ќе започне во терминот од 20:30 часот.

Сите оние кои нема да можат да присуствуваат вечерва на натпреварот, ќе можат истиот да го проследат низ директен ТВ пренос. Преносот од овој натпревар е закажан да оди со директна слика на ТВ Телма.

Очекуваме нова победа на нашиот Вардар, во дуелите со некогашниот голем ривал.