Лигата им овозможува на помладите категории да добијат искуство, да се дружат со своите врсници, да го изградат карактерот и спортската етика како натпреварувачи, како и создавање на натпреварувачки дух. Тоа е отскочната штица за продолжување во некоја од селекциите на Вардар каде доаѓаат да играат најдобрите. Спортот ги учи децата на правилата на здравиот начин на живот, но и како корисно да го искористат слободното време. Овозможувајќи при тоа, услови за правилен развој на децата, како психички, така и физички.
Првите натпревари се играат в недела на 28 октомври, и по успешните три сезони годинава продолжуваме да го развиваме досега најголемиот проект во организација на Ракометната академија Вардар.
Сезонава децата ќе се натпреваруваат во категориите 200/05, 2006/07, 2008/09 и најмладите родени 2010 година и помлади ќе играат натпревари во мини – ракомет.
„Се грижиме за сите аспекти од натпреварите со цел да имаме добра организација. За натпреварите соодветно се ангажираат и официјални лица, судии и медицински персонал, согласно правилата за одржување на лигата. Главна цел е децата да се насочат кон здрав начин на живот. Преку тренинзите и натпреварите се гради карактерот врз база на принципи кои се содржат во концептот на спортското однесување: доверба, почитување, одговорност, транспарентност, праведност, грижа и социјализација. Најголемите резултати во спортот можат да се остварат кога однесувањето, тренинзите и натпреварите се одвиваат во согласност со овие начела- вели Ели Радоман од Ракометната академија Вардар.
Првото коло сезонава ќе стартува во Скопје, а следниот викенд ќе продолжи во Прилеп.
* Распоред на натпревари : saatnica_28.10.2018.pdf