Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тројца ракометари на Вардар, со “јубилеј„ во СЕХА-лигата
Тројца ракометари на Вардар, со “јубилеј„ во СЕХА-лигата

Тројца ракометари на Вардар, со “јубилеј„ во СЕХА-лигата

Новата осма сезона во СЕХА-лигата, ќе ја паметат три играчи на Вардар кои одбележаа јубилеј во ова натпреварување.

Даинис Кристопанс е најдобар стрелец во историјата на СЕХА-лигата, летонскиот “џин„ во дресот на Вардар надмина бројка од 600 голови во ова натпреварување и со тоа го надмина Радослав Антл со кој играа заедно во Татран Прешов.

Игор Карачиќ исто така имаше јубилеј од 100 настапи во СЕХА-лигата, додека десното крило, Иван Чупиќ има постигнато повеќе од 100 голови во СЕХА.

Вардар оваа сезона го брани трофејот во СЕХА, мечевите во ова натпреварување продолжуваат во вторник, каде Вардар гостува кај Брест Мешков.