Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за младите екипи на РК и ЖРК Вардар кои настапуваат викендов
Распоред за младите екипи на РК и ЖРК Вардар кои настапуваат викендов

Распоред за младите екипи на РК и ЖРК Вардар кои настапуваат викендов

Викендов е резервиран за натпревари на младите ракометни категории на Вардар во машка и женска категорија. Kaj момците свои натпревари ќе имаат пионерите, кадетите и едната младинска екипа поточно младинците на Вардар Јуниор. Другата младинска екипа нема да игра овој викенд бидејќи дуелот во младинската лига Пелистер и Вардар е одложен, распоредот е следен.

  • Пионерите се домаќини на Шкупи (сабота, 11 часот – СЦ Кале)
  •  Кадетите се домаќини на Пролет (недела, 15 часот)
  • Младинците на Вардар јуниор гостуваат кај Делчево (недела, 15,30 часот)

Кај дамите овој викенд ќе играат двете кадетски екипи. Двете ќе играат во Скопје едната ќе биде домаќин а другата гостин во Автокоманда, распоредот е следен.

  • Кадетките на  Вардар СЦЈС се домаќин на Пелистер (сабота, 15 часот – Сц Кале)
  • Кадетките на ЖРК Вардар гостуваат кај Металург во Автокоманда (сабота, 16,30 часот)